Campaigns

ЛУДО ВОЗЕЊЕ ВО СВЕТОТ НА ЛЕГО: Прва празнична кампања на познатите коцки (видео)

27 ное 2018

Светски познатиот бренд за играчки, коцките Лего, ја добија и својата прва глобална божиќна кампања после децении постоење. За своето првенче избраа да го прикажат светот на бескрајната фантазија што ја нудат познатите коцки.

Мотото на кампањата, којашто се одвива на телевизиски платформи и на социјалните медиуми, е: „Ова не се коцки. Ова се нивните најлуди желби“.

Фокусот е посветен на децата и на светот што само тие знаат најдобро да го замислат и креираат додека ги составуваат играчките од коцките Лего. Тоа што го гледаме се луди градски трки во кои се вклучуваат полициски возила, летачки бродови од „Војна на ѕвездите“, диносауруси.

Во целата таа приказна родителите се споредни ликови што се обидуваат да го разберат светот на детската фантазија.

Зад подготовката и реализацијата на кампањата и видеото стои Lego Agency, сопствена маркетинг агенција што работи во рамките на брендот.

„Новото видео е славење на бескрајниот свет и можности што ги нудат лего-игрите. Се надеваме дека ќе ги поттикнеме фановите низ цел свет и ќе потсетиме колку игрите се значајни за сите нас“, вели Реми Марчели од агенцијата Лего.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме