Campaigns

СУМА ОД КОЈА БОЛИ ГЛАВА: Агенцијата „Quad/Graphics“ ја купи „Periscope“ за 132,5 милиони долари

29 ное 2018

Милионски договор за купопродажба склучија двете големи американски агенции, Quad/Graphics  и Periscope. Според договореното, Quad/Graphics  ја купува Periscope за сума од 132,5 милиони долари. Процесот треба да финализира до крајот на првата половина од 2019 година.

Потегот вреден милиони долари се случува во рамките на плановите за целосна трансформација на компанијата купувач.

Претседателот на „Quad/Graphics“, Joel Quadracci, вели дека со оваа зделка сериозно ќе го зголемат сопственото влијание во маркетинг секторот во САД.

„Со 'Перископ', ќе креираме целосно интегрирани маркетиншки платформи, а коишто веруваме ќе донесат поголем квалитет отколку сегашниот традиционален агенциски пристап“, вели Quadracci.

Веста за оваа зделка го привлече вниманието на американскиот пазар, особено зашто „Перископ“, според нивото на заработка, е на петто место во САД. Тоа е независна маркетинг агенција со седиште во Минеаполис и со канцеларии во Чикаго, Хонг Конг и Делхи. Вработува повеќе од 500 лица.

„Перископ“, воедно важи и за агенција во која на ботените им е дозволено на работа да доаѓаат слободно со своите домашни миленици.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме