Campaigns

НАУЧЕТЕ КАДЕ СЕ ПРЕМИНУВА УЛИЦА: Сурова кампања за безбедност ги шокира пешаците (видео)

03 дек 2018

Проблемот со преминување улица на места каде нема пешачки премини е универзален низ цел свет. Но, освен што е универзална непослушноста на пешаците, исто толку универзални се и повредите што се случуваат во несреќите настанати поради преминување улица каде што не е дозволено.

За да се намали бројката на сообраќајни незгоди, како и на повредите и трагичните случаи во кои главни причинители се пешаци што неправилно преминуваат улици, во Канада е покрената кампањата „Bones Vs Steel“.

Покрај прометна улица во Монтреал поставени се камери што го снимаат однесувањето на пешаците. Откако ќе поминат на место каде нема пешачки премин, пешаците наидуваат на автобуска постојка, каде е поставен интерактивен екран.

На екранот се појавува силуета од човек, чии коски се гледаат и којшто ги имитира движењата на пешакот што стои.

Откако ќе увидат дека мониторот им ги следи движењата, минувачите почнуваат да си „играат“ со силуетата од костур пред нив. Но, тогаш доаѓа шокирачкиот момент и пораката што ги опаметува за повеќе да не ја повторат нивната постапка.

Зад кампањата стои агенцијата „Lg2 Québec“ од Канада, а клиент е SAAQ (Quebec Automobile Insurance Corporation).

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме