Campaigns

СЕНДВИЧ ЗА ЕДЕН ЦЕНТ: Ново генијално мајтапење на Бургер Кинг со Мекдоналдс (видео)

04 дек 2018

Конкурентската војна меѓу рестораните за брза храна Бургер Кинг и Мекдоналдс веќе станува легендарна. Овојпат во игра е добро мајтапење зад кое стои Бургер Кинг.

„Кралот“ (Burger King) смисли акција во која својот популарен бургер Whopper го нуди за само еден цент. Колку за споредба, редовната цена е околу пет долари во рестораните низ САД.

Но, за да се добие сендвичот по таа цена, треба да се нарача токму од ресторан на „Медоналдс“. Звучи необично, но акцијата е точно така смислена.

Оброкот може да се нарача само преку мобилната апликација на „Бургер Кинг“, при што конкретната понуда се активира во мигот кога купувачот се наоѓа пред ресторан на Мекдоналдс.

Како што може да се види од видеата снимени со скриени камери, купувачите, понесени од примамливата понуда, им пристапуваат на луѓето вработени во Мекдоналдс и од нив бараат сендвич што го има само во Бургер Кинг.

Откако ќе ја увидат „грешката“, гладните муштерии заминуваат од Мекдоналдс и одат во најблискиот Бургер Кинг каде сендвичот го добиваат за еден цент.

Интересни се реакциите на вработените во Мекдоналдс, кои после првичното изненадување, им излегуваат во пресрет на муштериите и наместо да им продадат нешто од нивното мени, им кажуваат каде е најблискиот ресторан на Бургер Кинг.

Зад овој генијален начин да се насамари конкуренцијата и да ѝ се одземат купувачите стои агенцијата FCB New York. Акцијата ќе трае од 4 до 12 декември.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме