Campaigns

МОЌТА НА „ФЕНСИ“ ПРОДАВНИЦИТЕ: Како чевли од 20 долари се продаваат за 600 (видео)

05 дек 2018

Експеримент во Лос Анџелес покажа како луѓето се лажат по продавници со „фенси“ изглед и фрлаат стотици долари за обувки што вредат десетици пати помалку.

Познатиот бренд „Payless“, којшто нуди обувки по цени и од дваесетина долари, опреми поранешна продавница на Армани, кај познатиот булевар Санта Моника во главниот град на Калифорнија.

Продавницата беше уредена така што доби изглед на  ексклузивен простор за „фенси“ производи. Брендот го модификува и сопственото име, па наместо Payless, беа поставени натписи „Palessi“, што во основа е зборовна игра со оригиналното име на брендот.

Беше закажано и гламурозно отворање на просторот, со голем број гости, како и познати јутјубери и модни инфлуенсери од Лос Анџелес.

Како што можеше и да се очекува, големите „познавачи“ на модата од Лос Анџелес почнаа да им „симнуваат ѕвезди“ на обувките. Без да знаат дека во раце ги држат моделите од „Payless“, инфлуенсерите оценија дека чевлите, сандалите, патиките имаат одличен дизајн, беспрекорна изработка и квалитет. Некои од нив додадоа и дека изложените модели вредат и по неколку стотици долари.

Имаше и такви што, понесени од целата „фенси“ атмосфера, без проблем издвоија и по 200, 400, па дури и 600 долари за обувки што вредат одвај 20 долари.

Но, за да останат чесни до крај, креаторите на експериментот не им дозволија на „среќните“ купувачи да заминат од продавницата со чевлите платени стотици пати поскапо од вистинската вредност.

Во очи им беше кажано дека штотуку фрлиле стотици долари за чевли и патики што чинат далеку помалку. На крај им биле вратени парите, а преплатените обувки им биле доделени бесплатно.

Зад концептот на овој експеримент и кампaња за промоција на брендот „Payless“, стои агенцијата DCX Growth Accelerator.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме