Campaigns

ГЛЕДААТ ПРАВО ВО ОЧИ: Ефикасна виртуелна кампања од ПETA за заштита на животните (видео)

14 дек 2018

Светската организација за заштита на животните, ПЕТА, почна нова кампања за покренувањето на свеста за поголема грижа за животните.

Овојпат, организацијата завлезе во полето на напредната технологија и 3Д анимациите.

Креирана е кампања, именувана „Eye to Eye“, а во која се прикажани 3Д примероци на диви животни. Како главен примерок е земен зајак што разговара со луѓето што го гледаат.

Сепак, за да се реализира главниот ефект од кампањата, потребно е да се стават 3Д очила. Тогаш доаѓаат до израз вистинските одлики на проектот.

Луѓето што се вклучени во експериментот, остануваат без зборови откако ќе ги видат сите колења и истребувања со кои се соочуваат животните.

Кампањата е на организацијата ПЕТА, во соработка со креативната агенција „Kolle Rebbe“ и со дигиталната агенција „Demodern“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме