Campaigns

ПОЗНАТИОТ ЧЕШКИ ВЕЛО-БРЕНД СЛАВИ 70 ГОДИНИ: Кус филм за една забранета пасија (видео)

16 дек 2018

Познатиот чешки велосипедски бренд „Фаворит“ слави 70 години постоење, а по тој повод  во Прага се подготвува изложба посветена на првите модели.

Како најава за оваа изложба, што се организира во Националниот технички универзитет, направен е кус филм базиран на вистинската животна приказна на Роберт Хутира, еден од најуспешните чешки велосипедисти.

Во филмот прикажана е пасијата на Хутира кон велосипедизмот, како и првите негови домашни и меѓународни успеси.

Еден дел од филмот е посветен и на тешкиот дел од животот на велосипедистот. Тој морал да се откаже од натпреварувањата поради забраните од режимот во тогашна Чехословачка.

Како што се раскажува во видеото, Хутира, сосе семејството, пребегал преку граница со балон на топол воздух. Меѓу битните работи што ги зел со себе е и неговиот велосипед „Фаворит“.

Зад реализацијата на кусиот филм и зад најавата за изложбата стои агенцијата „Y&R“ од Прага.

 

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме