Campaigns

ПОКАЖЕТЕ ЕМОЦИИ, А НЕ ЕМОТИКОНИ: Германија почна кампања против снимањето несреќи (видео)

16 дек 2018

Германското министерство за внатрешни работи почна кампања против масовното фотографирање и снимање несреќи од страна на минувачите. Причина за овој потег е што сеирџиите-сниматели сè повеќе им пречат на спасувачите за навреме да стигнат до повредените лица.

Според податоци на министерството, голем број луѓе ги загубиле животите, токму поради тоа што брзата помош и пожарникарите не можеле да пристапат веднаш до местото каде се повредените. Спасувачите буквално требало да се пробиваат меѓу насобраните минувачи што се туркаат да фатат подобра позиција за снимање.

Во кампањата се вклучи и најголемиот германски весник „Билд“, којшто ја споделува акцијата преку весникот и преку своите дигитални платформи.

За целта на кампањата е дизајниран екран, чија содржина може да се види само преку камера на мобилен телефон. Овие монитори се носат на места каде се случиле несреќи.

Но, кога некој од минувачите ќе крене телефон да снима, тогаш на екранот од мобилниот здогледува пораки како: „Ако сакате нешто да споделите, тогаш дарувајте крв, а не фотографии“, „Покажете емоции, а не емотикони“.

За кусо време од почетокот на кампањата голем број медиуми ја пренеле информацијата и веќе се покажале разултати на терен.

За осмислување и реализација на кампањата е ангажирана агенцијата „fischerAppelt“ од Берлин.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме