Campaigns

НЕ ФРЛАЈТЕ ПЕТАРДИ, ФРЛЕТЕ КЕКС: Кампања против вознемирувањето животни стана хит во регионот

23 дек 2018

Кампања против вознемирување на животните со фрлање петарди за време на божиќните и новогодишните празници за кусо време стана хит во регионот.

Зад кампањата стои движењето „Левијатан“ од Србија, коешто се бори против вознемирувањето на животните.

Видеото е објавено на нивната страница на Фејсбук, „Pokret Levijatan - STOP Animal ABUSE“, а во него се прикажани голем број познати музички имиња од српската сцена коишто порачуваат да прекине фрлањето петарди за време на празниците.

Голем дел од личностите што се појавуваат им се добро познати и на македонските корисници на социјалните мрежи, па видеото бргу стана вирално и на нашиот интернет простор.

Како што се вели во објавата на движењето Левијатан, до сега кампањата стигнала до повеќе од три милиони корисници на нивните социјални мрежи.

Хаштагот под кој се споделува видеото е: #blokpetardama. Приклучете се.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме