Campaigns

Фестивалот Cannes Lions ќе донира 370.000 долари во кампањата за заштита на островот Палау

08 јан 2019

Кампањата што на ланското издание на фестивалот Cannes Lions освои седум награди „лав“, од кои три беа  гранд при, ќе добие уште поголема поддршка. Организаторите на фестивалот решија да доделат 370.000 долари за поддршка на непрофитните организации што стојат зад кампањата, а со цел за нејзино продолжување.

Средствата се од котизациите на сите проекти што освоиле награда на последното издание на Cannes Lions, што се одржа во јуни во Кан, Франција.

Кампањата именувана „Palau Pledge“ е посветена на малиот пацифички остров и се однесува на заштитата на природната средина. Секој турист што доаѓа на островот е обврзан за потпише согласност дека ќе се грижи за уникатната природна средина, како на копно така и во вода.

Донацијата ќе оди на сметките на двете организации што ја водат кампањата, „Friends of the Palau National Marine Sanctuary“ и за „Palau Pledge Legacy“.

Со средствата треба да стартува нова фаза од кампањата, а којашто подразбира поттикнување слични акции и во други делови од светот.

„Веруваме дека креативноста може да го промени светот и наша привилегија е што можеме да ја поддржиме таа иницијатива и да придонесеме кон нејзиниот уште поголем удел“, вели Филип Томас, директор на фестивалот Cannes Lions.

Зад реализацијата на кампањата застана австралиската агенција „Host/Havas“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме