Campaigns

ТОКСИЧНА РЕКЛАМА ПРОТИВ МАЖИТЕ: Остри критики кон Gillette за новата кампања (видео)

15 јан 2019

Навредени од новата реклама на „Gillette“ се најдоа голем број мажи низ светот, а својот бес го истурија преку социјалните мрежи каде упатија остри критики кон брендот.

Реакциите се кон новата кампања што почна да се емитува деновиве во САД, а во која главната порака е дека од мажите се бара да бидат подобри. Така и познатата фраза „The Best a Man Can Get“, стара три децении, доби нова, прашална форма.

Од мажите се бара да ја отфрлат девизата „момчињата секогаш ќе бидат момчиња“ и да им укажат на нивните деца и на помладите генерации дека треба да се постапува со поголема почит кон другите, како кон девојките, така и кон машките.

Сепак, некои се најдоа навредени, истакнувајќи дека со тие пораки се генерализира машкиот род. Некои отидоа до таму што ја нарекоа кампањата „токсична реклама против мажите“.

Секако, има и такви, кои ја увиделе пораката и го поддржуваат брендот.

Во продолжение погледнете ги уште еднаш пораките од кампањата, па проценете дали се навредливи.

 

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме