Campaigns

ОВА Е ЧИСТ ХОРОР: Реклама за нега на кожа ќе ве извади од памет (видео)

23 јан 2019

Хорор во секоја смисла на зборот. Тоа е кусиот опис за трите реклами снимени за познатиот бренд за нега на кожа „Olay“, а коишто премиерно ќе се емитуваат за време на најзначајниот спортски настан во САД, финалето во Американски фудбал.

Како и сите брендови, што се во трка за привлекување внимание на што поголем број гледачи, така и брендот за нега на кожа објави само куси најави за рекламните видеа.

Доколку се суди според кусите најави што траат само по неколку секунди, тогаш повеќе од јасно е дека може да се очекува на финалето, на 3 февруари, милионите гледачи да останат без зборови од хоророт што ќе го видат пред себе.

Рекламната кампања е наречена „Killer Skin“, а во неа се прикажани сцени какви што се гледаат во најтензичните хорор филмови. Прашање е колку гледачите ќе имаат храброст да ги догледаат видеата до крај.

Зад оваа хорор рекламна кампања стои агенцијата „Saatchi & Saatchi“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме