Campaigns

ПИЈАЛАК ЗА СИТЕ: Кока-кола ја велича разноликоста во нова хуманитарна кампања (видео)

24 јан 2019

Разноликоста и сплотеноста се главниот мотив во новата кампања на брендот „Кока-кола“ што ќе се емитува пред почетокот на финалето во американски фудбал, т.н. Супербоул, на 4 февруари.

Поводот на „кока-кола“ да се појави пред гледачите за време на најзначајниот спортски настан во САД годинава е уште поголем. Причина за тоа е што финалето се игра во Атланта, „родниот“ град на „Кока-кола“.

По повод настанот, брендот се реши да испрати порака на сплотеност и рамноправност меѓу луѓето што доаѓаат од различни краишта и култури.

Креирано е анимирано видео во кое како инспирација послужиле зборови на познатиот поп-артист, Енди Ворхол.

Идејата што се нагласува е дека „кока-кола“ е пијалак за сите. Во таа насока одат и зборовите во видеото: „Сите имаме различни срца и раце; Глави што носат различни погледи. Гледате? Различното е убаво. Но, и кога сме заедно, е убаво“.

Во рамките на кампањата „Кока-кола“ ќе донира и еден милион долари до Националниот центар за цивилни и човекови права во Атланта.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме