Campaigns

ПОРАДИ ШЕФУВАЊЕ ВРЗ ОДЛУКИТЕ: Престижната Букерова награда остана без спонзор, можно е преименување

27 јан 2019

Престижната британска награда за книжевност „Букер Ман“, можно е да го смени името откако остана без главниот спонзор, групацијата „Ман“. Групацијата ја спонзорираше оваа награда од 2002 година, поради што беше додадено и името „Ман“ во големото книжевно признание.

Наградата им се доделува на автори од англиското говорно подрачје, а фондот за добитникот изнесуваше 50.000 фунти.

Причината за заминувањето на групацијата „Ман“ е несогласувањето меѓу дел од авторите, коишто гласно критикуваа дека фондацијата се меша во одлуките.

Еден од најгласните критичари беше авторот Себастијан Фолкс, којшто групацијата „Ман“ ја нарече „непријателот“ на Букеровата награда, зашто имало „шефување“ врз носењето одлуки за наградите.

Фондацијата „Букер“ успеа да го задржи тоа име откако во 2002 година го изгуби дотогашниот спонзор. Со доаѓањето на групацијата „Ман“, таа беше преименувана во „Man Booker“.

Сè уште не е јасно како брендот „Букерова награда“ ќе се именува во иднина. Според Букеровата фондација, веќе се водат преговори за нов спонзор и за одржување на наградата.

Последната добитничка на наградата е Ана Брнс од Северна Ирска, за романот „Млекарот“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме