Campaigns

ПОВТОРНО ВО ЛЕГЕНДАРНАТА УЛОГА: Кери Бредшоу од „Сексот и градот“ пие „Stella“, наместо коктел

29 јан 2019

Актерката Сара Џесика Паркер повторно влезе во улогата на Кери Бредшоу од „Сексот и градот“ и се појави во реклама за пивото „Stella Artois“.

Наместо нејзиниот вообичаен коктел, таа нарача чаша пиво, со што ги збуни вработените во ресторанот и создаде хаос.

Сепак, пораката не е случајна. Актерката се вклучи во кампањата на „Stella Artois“ за зачувување на водните ресурси на планетата. Идејата е гледачите да се поттикнат на откажување од нивните „вообичаени“ навики и да придонесат за поголеми водни заштеди на светско ниво.

Кампањата е во рамките на повеќегодишното партнерство меѓу „Stella Artois“ и „Water.org“.

Според податоците на „Water.org“, 844 милиони луѓе во светот живеат без пристап до чиста вода за пиење.

Рекламниот спот ќе се емитува во рамките на финалето во американски фудбал, т.н. Супербоул, кога гледаноста е исклучително висока.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме