Campaigns

И ТИЕ САКААТ ДА ПОБЕДАТ: Мајкрософт пред милиони гледачи ќе промовира спот за децата со инвалидитет

31 јан 2019

Во недела, на 3 февруари, за време на финалето во американски фудбал, кој е еден од најгледаните спортски настани во САД, гигантот Мајкрософт ќе емитува спот за децата со вроден инвалидитет.

Додека повеќето од огласувачите се тркаат за време на т.н. Супербоул да ги промовираат своите најатрактивни производи, компанијата Мајкрософт сепак ќе оди со приказна за младите гејмери кои, и покрај физичката попреченост, сакаат да бидат како сите деца.

Тоа што ќе видат гледачите, се деца со инвалидитет што сакаат да играат компјутерски игри и да се забавуваат како и сите нивни врсници.

Спотот насловен „We All Win“ е за специјалниот адаптиран контролер за конзолата за игри „Xbox“ што можат да ја користат и децата со вроден инвалидитет во делот на екстремитетите.

„Приказната ја илустрира посветеноста на 'Мајкрософт' да создава технологија што се адаптира и отвора можности за сите“, велат од компанијата.

Спотот на моменти е емотивен, a пораката што ја испраќа е доволно силна за да ја покрене свеста за прифаќање и на лицата со инвалидитет.

Зад реализацијата на оваа хумана кампања стои агенцијата „McCann“ од Њујорк.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме