Campaigns

ХУМАНА „МЕСТЕНКА“ ОД ШВЕДСКА ОРГАНИЗАЦИЈА: Со лажни торенти се борат против принтањето 3Д оружје

03 фев 2019

Непрофитната организација од Шведска, „Non-violence“ почна нова кампања, чија цел е борба против 3Д принтањето оружје. Од организацијата се загрижени дека новата технологија на 3Д принтање отвора нови, но и многу опасни страни што можат да бидат фатални.

Една од тие закани е 3Д принтањето оружје, што почнува да зема замав особено меѓу младата популација.

Во период кога уште не постојат строги регулации за 3Д принтањето, организацијата се реши на тактика што ја применуваат хакерите.

Креирани се лажни торенти за кои е истакнато дека се најдобри и испробани шеми за принтање 3Д оружје. Но, „замката“, којашто е од хуман карактер, е во тоа што тие шеми всушност водат кон создавање модели од пиштоли што не се функционални и што се во форма на симболот за борба против вооруженото насилство.

Организацијата ги повикува корисниците на социјалните мрежи да помогнат во ширењето на анти-насилните торенти, за да се спречи масовното 3Д принтање на вистинско оружје.

„Non-violence“ е дел од шведски проект што се занимава со едукација на младите за како да го избегнат насилството. Кампањата со лажните торенти е направена во соработка со креативната агенција „Animal“ од Стокхолм.

Non-Violence Sweden - The Non-Violence Torrent from Animal on Vimeo.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме