Campaigns

СО ШИШИЊА НА ГОВОРНИЦА: Американски политичар ја бранеше „Кока-кола“ од „Пепси“ (видео)

03 фев 2019

Вес Кантрел, политичар од сојузната американска држава Џорџија, застана во одбрана на познатиот пијалак „Кока-кола“ од „инвазијата“ реклами на „Пепси“ во градот Атланта каде се игра финалето во американски фудбал.

Билборди на „Пепси“ ја преплавија Атланта, град што се наоѓа во државата Џорџија и што, воедно, е родно место на „Кока-кола“. Седиштето на познатиот бренд е сместено во градот, но деновиве сите билборди таму се закупени од „Пепси“.

Причина за инвазијата од „сини“ билборди е што „Пепси“ е официјален спонзор на Националната фудбалска лига на САД (NFL). Главното мото на билбордите е директно потсмевање кон „Кока-кола“.

„Атланта, благодариме за гостопримството. Ние ќе донесеме пијалак“, стои на билбордите.

Но, очигледно на конгресментот Кантрел, којшто е од Атланта не му допаднало што во родниот град на „Кока-кола“ има инвазија од реклами за „Пепси“, па својот говор пред тамошните законодавци го искористи за да укаже дека треба да се покаже поголема почит кон нивниот домашен бренд.

Во својот говор тој направи споредба со последната реклама, а во која е прикажан келнер што на гостите во ресторанот им нуди „пепси“, наместо „кока-кола“, прашувајќи ги: „Дали е 'пепси', ок?“.

„Не сакам нешто што е само 'ок'. Барам оригинал, нешто вистинско. Дали сте со мене?“, рече пратеникот во дел од својот говор.

Битката меѓу „Кока-кола“ и „Пепси“ веќе со години се води преку рекламите. Говорот на политичарот беше прв случај во кој за оваа „битка“ меѓу брендовите стана збор и од говорница во законодавен дом во САД.

Пијалакот „кока-кола“ е креиран во 1886 година, во Атланта, од страна на фармацевтот Џон Стит Пембертон.

Сепак, од „Песи“ се обидоа да ја смират топката. Во Атланта, наспроти статуата на Пембертон, поставија статуа и од Калеб Брадман, креаторот на пијалакот „Пепси“ којшто е прикажан како пријателски наздравува со опонентот.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме