Campaigns

СПОРТСКИТЕ ЛЕГЕНДИ НА ЕДНО МЕСТО: Eurosport слави 30 години (видео)

06 фев 2019

Еден од најгледаните спортски канали во Европа, „Eurosport“ слави 30 години. По тој повод снимени се куси видеа со изјави и анегдоти од познати спортисти, чии достигнувања имале свое значајно место во известувањата на репортерите од овој спортски медиум.

Како најава за славеничката година е видео во кое пред камера се појавуваат голем број спортисти, како од зимските, така и од летните спортови.

Борис Бекер, Рони О'Саливен, Алберто Контадор се дел од многумината спортисти што ќе бидат дел од славеничката содржина на популарниот канал.

Каналот стартуваше на 5 феврари 1989 година, како резултат од соработката со „European Broadcast Union“. За почеток програмата се емитуваше преку ТВ-мрежата „Sky TV“  на англиски, холандски и германски јазик.

Денес „Eurosport“ го гледаат 246 милиони гледачи низ 75 земји во Европа, Азија, Африка и Блискиот исток.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме