Со реклама што потсетува на комичните детективски семејни серии од седумдесеттите години, „Кока-кола“ го промовира новиот вкус. Се работи за газиран пијалак што има вкус на мешавина од портокал, ванила и класична „кока-кола“. Воедно, ова е прв вкус што компанијата го пушта на пазарот после „vanila zero“ што беше промовиран пред 12 години.
Рекламното видео прикажува забавна трка на камиони низ градските улици. Еден од камионите служи за достава на сладолед од ванила, вториот носи портокали, а третиот транспортира регуларна „кока-кола“.
Во последниот кадар се појавува жена-полицаец која застанува пред камионите и ја запира трката. Тоа што доаѓа до неа е лименка со новиот „кока-кола“ пијалак.
„Веруваме дека ова е исклучително хиперболичен начин да им укажеме на потрошувачите дека во новиот вкус добиваат мешавина од портокал, ванила и регуларна 'кока-кола'“, вели Кејт Санторе, менаџер за маркетинг комуникации на „Кока-кола“ во САД.
Новиот вкус ќе биде промовиран преку реклами на телевизија, радио, во печатени медиуми, како и на дигиталните платформи. Зад реализацијата на кампањата стои агенцијата „Wieden & Kennedy“ од Портланд.
(AdToDate.mk)