Campaigns

Epica Awards - поинаков агол на креативноста

13 мар 2017

Epica е посебен тип награда во секторот преполн со секакви награди. Се работи за единствена креативна награда која е од интернационален карактер, а е оценета од страна на маркетинг и комуникацискиот печат. Нешто како Golden Globes во комуникациската индустрија.

Благодарение на жирито составено од новинари од целиот свет, доделувањето на Epica има меѓународно покритие.

Почетоците се во 1987 година, со цел Epica да ги мотивира и  награди исклучителните агенции, компании за продукција, консултантски фирми, фотографски и дизајн студија, за да ја подобри нивната репутација надвор од своите национални граници.

Epica овозможува да се види вашата работа, од страна на еден поинаков вид публика – не само вашите колеги од индустријата, туку и искусните новинари кои ја сакаат и разбираат комерцијалната креативност.

Имате можност да бидете вклучени во Epica Book; библија на креативноста, издадена од Bloomsbury во Лондон и испратена до сите учесници, како и на новинари и клиенти. Оваа книга се продава и во избрани книжарници за уметност и книги ширум светот.

Покрај тоа, Epica e една од наградите која се зема предвид од страна на организациите кои ги набљудуваат адвертајзинг наградите низ годините и ги даваат целосните победници на крај – како вид супернови на годината.

Традиционално, Epica церемонијата се оддржува во различен град секоја година, со што претставува одлична шанса да посетите место на кое не сте биле воопшто. А патувањата, како што знаете, е одличен начин за раздвижување на креативноста. 





Слична содржина
Напишавме