Digital

Оставете го телефонот додека возите

11 јул 2017

Јапонската автомобилска компанија Mazda преку импресивниот формат на реклама, ги потсетува сите возачи и корисници на Facebook што може да се случи ако немаат контрола врз возилото додека возат.

Кампањата Distracted Driving, e направена од агенцијата BBR Saatchi & Saatchi, со цел да ги информира корисниците на Facebook кои го користат својот телефон додека возат, а со тоа ги загрозуваат и својот и животите на другите.

Рекламата чиј формат ја зазема цела страница на екранот, дава јасна слика како возилото се движи низ њузфидот и наводно го разбива екранот на телефонот, со мантрата „Не скролај додека возиш“. Директното обраќање преку социјалната мрежа, е одличен начин за да се потсети возачот што е неговата основна одговорност - да вози без расеаност. Брендот го прави ова за да ја потенцира сопствената вредност, но и да стави акцент на најважната одлука кога ќе седнете зад волан - возете сигурно.

Видеото е и повеќе од јасно. Не би било лошо и во Македонија да се направи ваква кампања – кревањето свесност и одговорност во сообраќајот не е само за младите (кампањата Младост без лудост на Mc Cann Скопје го направи тоа), туку за сите корисници на телефон кои се „забораваат“, ѕиркајќи во екранот, додека се низ сообраќајната џунгла.





Оставете коментар

CAPTCHA code