Digital

Нови гледишта на Миленумците и нивните омилени брендови

11 јул 2017

Веројатно не е ни чудо тоа што Милениумците трошат време и пари на големите дигитални брендови. Сепак голем дел од оваа старосна група (18 до 29 години) биле тинејџери баш во времето кога денешните онлајн џинови го освојуваа пазарот. Па така, новата студија за нивни омилени брендови е полна со познати имиња.

YouGov BrandIndex, компанија за истражување на јавното мислење, која интервјуира преку 1,5 милиони потрошувачи годишно, ги објави брендовите кои имаат најмногу милениумци меѓу корисниците на своите услуги. Како што и се очекува, во првите 20 компании се водечките дигитални имиња како што се Twitter, Snapchat и Airnbnb. Секој прикажан резултат претставува процент од американските милениумци кои се моментални корисници на тој бренд.

Моменталните корисници значи дека тие го купиле производот или ја посетиле страницата на брендот во последните 30 дена.

Па сепак, отфрлањето на листата, како само една претпоставка за Милениумските вкусови и избори би било грешка: пребарувајќи низ вообичаените дигитални брендови при вакви рангирања, неколку имиња навистина ќе ве изненадат и тоа на самиот врв на листата.

Оставете го Uber

Ненадминливиот Uber е на првото место, со  8,2% повеќе милениумски корисници во споредба со ланската година. Овој раст дојде и покрај континуираните вести за апликацијата за споделување на возењето во вредност од 70 милијарди долари и воедно ги доведува во прашање моралниот и етички компас на Милениумците кога станува збор за трошењето на нивните пари.

YouGov истражувањето кое ги споредуваше однесувањата во првите 6 месеци од 2017 година со оние од првата половина од 2016, беше завршено пред да стигнат и последните вести од Сан Франциско дека основачот на Uber, Тревис Каланик конечно си заминал од функцијата извршен директор минатиот месец. И покрај тоа, обвинувањата за корпоративната и морална некоректност на Uber постојат со години, што е предолг период за просечниот Милениумец да не слушнал за нив.

Уште едно изненадување – и покрај тоа што финансиските институции безскрупулно се однесуваа после економската криза во 2008 – што погоди илјадници Милениумци токму кога влегуваа на пазарот на труд, овие компании сепак се рангирани изненадувачки високо во You Gov листата. Банките Chase and ЈP Morgan го заземаа 13 и 14 место, со 2,8% и 2,7% раст кај Милениумците како редовни клиенти.

Тогаш што воопшто се случува со Милениумците? Дали Генерацијата Y заборави на скрупулите? Не баш.

Милениумците можеби се социјално посвесни и политички попрогресивни во споредба со постарите генерации, но според извршниот директор на YouGov BrandIndex, Тед Марзили, тие се однесуваат како и сите други кога станува збор за трошење пари. Тоа значи – етички сè е добро, но на крајот на денот, цената и погодноста на услугата се најважни. Ова сугерира дека колку и да имаат hard feelings младите луѓе против Chase на пример (банка со седиште во Њујорк), веројатно тие се второстепени во однос на практичноста на онлајн банкарството или леснотијата со која тие наоѓаат банкомат. Истиот заклучок важи и при барањето автомобилска услуга преку Uber.

Не велам дека Милениумците не се грижат за етиката – вели Марзили. Но, тие најчесто прават избори кои се во рамки на нивните финансиски можности и интереси. Ако го земеме Uber како пример за поекономичен избор на превоз, место такси, веројатно и јас прв ќе се јавам кај нив.

Почитувајте ги постарите

Уште едно изненадување во рангирањето на YouGov е дека половина од овие брендови што се омилени кај Милениумците, се и оние што постоеја и пред интернетот, меѓу кои Puma и Ace Hardware. Тоа е показател дека кај младите купувачи имаат доволно љубов и за постарите брендови.

Повеќе не ме изненадуваат рангирањата што ги правиме... често пати во нив има разумен баланс на нови и традиционални брендови, меѓутоа не мислам дека традиционалните се одалечуваат или нема да ги биде – вели Марзили, објаснувајќи го присуството на Delta Airlines, Аdidas, Visa. Овие брендови имаат раст во добивките, токму поради зголемената бројка на милениумски потрошувачи.

Тука лежи зајакот. Постарите брендови не се толку популарни кај Милениумците поради нивната носталгична вредност, туку затоа што се адаптибилни и во чекор со трендовите!

Visa на пример, избрана во 1976 за интернационална верзија на првата меѓународна кредитна картичка на Банката на Америка, веќе не е само пластика што ви се мотка во паричникот. Тие го имаат подобрено системот на плаќање преку Visa Chekout, а со тоа се поврзуваат повеќе со милениумскиот начин на размислување. Visa е 10та на ранг листата, а има пораст во бројот на милениумските корисници од 3,2% во споредба со минатата година.

 

 

Не заборавај да споделиш

Од другата страна на паричката, присуството на компании како Instagram, WhatsApp и Spotify се показател дека тинејџерите посветуваат голем дел од времето на нивните мобилни уреди и пред екраните. Милениумците предничат во користењето социјални мрежи и освен Uber, заедно со Lyft и Airnbnb, овие брендови се светото тројство во светот на споделувања.

Како што Марзили поентира, популарноста на ваквите страници е екстремно ексклузивна за помладите (Airbnb објави дека лицата на возраст од 60 години и постари се најбрзорастечкатата демографија на домаќини (издавачи на соби/куќи), а просечниот корисник има 35 години), но нивното место во истражувањето потврдува дека помладите корисници немаат проблем во споделувањето на платформите.

Марзили вели дека доминацијата на овие брендови преку Милениумците го поставува прашањето за долгорочната издржливост. Еден од предизвиците на овие брендови е дали ќе останат интересни и кога корисниците ќе „пораснат“?

Останува да видиме и да ги следиме нивните промени. Заклучокот е дека комбинацијата од стари и нови брендови е со двојна вредност – старите имаат сигурно тло и се во чекор со времето, а новите се поврзани со дигиталната мрежа и забрзано темпо што одговара на однесувањето на Милениумците.
 

Извор:Adweek





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме