Digital

Дигиталните платформи со различен пристап кон блокаторите на реклами

13 јул 2017

Во моментов, на Тwitter циркулира еден твит од извесен Бен Чејс, кој директно во нерв ја погоди целта.

Иако човекот има само 900 следбеници, неговиот твит има 32 илјади лајкови, 16 илјади ретвити и повеќе од 470 одговори на постот. Типичното искуство на корисниците на мобилните уреди е преполно со премногу реклами, одвлекувачи на внимание, копчиња со read more, линкови до... Еве за што станува збор.

Корисниците се бунтуваат против дигиталните платформи кои објавуваат реклами, се трудат да го задржат нивното активно внимание и притоа да остварат профит. Прво „оружје“ на корисниците се блокаторите на реклами. Ова не ги загрижува само дигиталните платформи кои објавуваат реклами, туку и интернет џиновите кои имаат удел во бизнисот на онлајн рекламирање.

Со пресметките и предвидувањата за добивање на што поголем дел од колачот од дигиталното рекламирање, блокирањето на рекламните содржини од страна на корисниците станува сè поголема грижа за дигиталниот адвертајзинг. Со толку многу конкуренција тешко е постојано да се следат сите он лајн активности и кој што прави при користење на апликациите за блокирaње.

Колку е лошо сето ова? Зависи од кој агол ја гледате ситуацијата. Во 2016, Juniper Research објавија свое предвидување дека до 2020, блокирањето на рекламите ќе чини преку 27 милијарди долари загуба на глобално ниво. Авторот на извештајот вели – Ова се случува најмногу поради грижата на корисниците за приватноста при користењето на мобилните уреди. Тие исто така сакаат што повеќе да научат за користењето на блокаторите, бидејќи тоа ќе им овозможи побрзо вчитување на страните.

А како се справуваат Apple, Google и Facebook?

Пред Apple да ја „здрма“ ситуацијата , блокирањето на реклами беше грижа единствено на десктоп уредите во индустријата. Но, откако се појави content blocking екстензијата на iOS9 во септември 2015, се отвори можноста за мобилно блокирање реклами и на Safari оперативниот систем (Safari view Controller) и ова беше „повикот за будење“. Минатиот месец Apple повторно објави дека ќе ги зајакне напорите за заштита на своите корисници од т.н ad trackers – објавувачите на рекламен контент кои ги следат корисниците. Овој тракинг систем за блокирање, отворено ja комуницираше потребата на корисниците да се заштитат од агресивни и здодевни реклами. Од Apple, дури најавуваат дека ќе го укинат автоматското прикажување на видео содржините во OP Safari.

Google

За разлика од Apple, Google како отворена веб платформа заедно со останатите платформи што објавуваат реклами, може многу да изгуби доколку блокирањето на рекламирањето продолжи да се користи сè повеќе и повеќе.

Кога Apple ја објавија екстензијата за блокирање реклами, од Google изјавија дека со овој потег, сите реклами се ставаат во еден кош и автоматски корисникот е лишен од контентот. Нивниот став е дека не сите корисници ги мразат рекламите. А за секој случај, Google заедно со Facebook и IAB ја формираа Coalition for Better Ads, група компании која се бори да воспостави стандард при објавувањето реклами на Chrome. Почнувајќи од наредната година, ќе почне да ги блокира здодевните реклами, и на мобилните и на десктоп уредите.

Facebook

Активноста на Facebook е во голема мера изолирана од блокирање на овој тип контент. Насоченоста за блокирање им е исклучиво на реклами во десктоп верзијата на уреди. Во обид да се самозаштитат како платформа, во август 2016, од Facebook изјавија дека имплементираат начин да се спречат блокирањата на рекламите на десктоп платформата, правејќи ги да изгледаат како и секоја друга содржина. Реферирајќи на фактот дека многу компании плаќаат за блокатори на реклами, Facebook има друг пристап – Наместо да им плаќаме на блокаторите на реклами да ги одблокираат рекламите што ги прикажуваме, ние им даваме контрола на корисниците со нашите ажурирани параметри за рекламирање.

Со овие постапки, Facebook покажува дека се грижи не само за корисничката база, туку и за развојот на дигиталните начини за рекламирање кои се под суптилна закана со блокирањето.

Каде одиме оттука?

Во сржта на потребата да се блокира реклама, лежи фрустрацијата на корисникот. Бавното вчитување страници, следењето на приватните податоци, страниците полни со наметливи реклами се само дел од факторите што ги предизвикуваат корисниците да посегнат по копчето block ad.

Пристапот на секоја од платформите е различен и не секогаш компатибилен за да може да се изнајде некоја златна средина или решение што ќе одговара на сите. Со ставот на Аpple дека заштитува лични податоци, наспроти принципот на Google да користи кориснички податоци за да таргетира ефикасно рекламирање и подобро искуство за корисниците, доаѓаме до момент кога разликите не можат да се измерат.

Јасно е дека големите играчи мошне брзо реагираа на оваа тема. Факт е дека блокаторите на реклами постојат и веќе имаат удел на пазарот и дел од милијардите од приходите од рекламите. 

Извор:Marchtoday





Оставете коментар

CAPTCHA code