Digital

ИНТЕРНЕТОТ ЌЕ СТАНЕ КАКО КАБЕЛСКА ТЕЛЕВИЗИЈА: Колку платиш, толку веб-страници ќе отвориш

18 дек 2017

 

Отворена можност да го блокираат пристапот до одредени веб-страници, како и за форсирање други веб-страници добија големите провајдери на интернет услуги со укинување на т.н. Закон за неутралност на интернет. Федералната комисија за комуникации (FCC) во САД го укина Законот што во 2015 година беше донесен од страна на администрацијата на Барак Обама.

Тој закон гарантираше дека под надзор на Федералната комисија, пристапот до информации ќе биде подеднаков, без ограничувања на интернет страниците, освен за оние што пропагираат насилство и тероризам.

Но, според толкувањата на познавачите, укинувањето на таа обврска, им отвора можност на главните провајдери уште повеќе да се зацврстат на пазарот и да ги условуваат ем креаторите на интернет содржини, ем примателите на тие содржини да плаќаат повеќе доколку сакаат да имаат пристап до поголем интернет сообраќај.

Така, можат да им понудат и т.н. брзи ленти за пристап на оние компании и фирми што ќе платат повеќе кај интернет провајдерот. Најпросто објаснето, тоа значи дека сурфањето ќе биде како гледање кабелска телевизија. Колку корисникот ќе плати, толку интернет страници, односно толкав проток на дигитални податоци ќе добие.

Сепак, од FCC и натаму тврдат дека со укинувањрто на тој закон ќе им се отвори можност на давачите на услугите да ги диференцираат своите производи, што во пракса би им дало на потрошувачите простор за поголем избор во однос на нивните интернет пакети.

- Промовирајќи ја конкурентноста, ние им помагаме на потрошувачите. Давачите на широкопојасни услуги ќе имаат повеќе поттик за надградба на своите кориснички мрежи, особено на подрачја што не се добро покриени - рекол во изјава за „Adweek“, Ајит Паи од Федералната комисија.

Огласувачите стравуваат дека со укинувањето на неутралноста ќе се покачат цените за рекламирање, но воедно ќе настанат и проблеми околу стандардите. Едно од толкувањата е дека мерењето на видливоста на содржините, коешто до сега беше едно од најрелевантите парамаметри во рекламирањето, ќе биде целосно обезвреднето.

Остри реакции дојдоа и од „Нетфликс“ и „Вимео“, кои најавија тужби и голема судска борба за враќање на законот.

We’re disappointed in the decision to gut #NetNeutrality protections that ushered in an unprecedented era of innovation, creativity & civic engagement. This is the beginning of a longer legal battle. Netflix stands w/ innovators, large & small, to oppose this misguided FCC order.

— Netflix US (@netflix) December 14, 2017

Новите одредби се однесуваат само на пазарот во САД. Останува да се види како тие ќе влијаат врз глобалниот интернет сообраќај и култура.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме