Digital

САМСУНГ ГИ ТАРГЕТИРА МИЛЕНИУМЦИТЕ: Новиот „Галакси А8“ влегува и на македонскиот пазар

18 јан 2018

Мобилен уред наменет за милениумците, е неофицијалното именување на новиот телефон од серијата „Галакси“ на гигантот „Самсунг“. Се работи за мобилниот телефон „Галакси А8“, којшто доаѓа како напредна верзија на „Галакси А5“.

Уредот има две верзии, А8 и А8+. Тој беше претставен вчера во Скопје, а на нашиот пазар официјално влегува во продажба на 19 овој месец, по цена од околу 30.000 денари.

Тоа по коешто се одликува овој мобилен телефон е двојната предна камера, којашто овозможува поквалитетни и покреативни „селфи“ фотографии, како и фокус во живо. Екранот (5,6 инчи кај А8 и 6 инчи кај А8+) е завиен на краевите, што остава впечаток на бескрајна слика.

Двојната камера е блиска до потребите на помладите генерации, коишто повеќе се навикнати на правење т.н. „селфија“.
Сепак, неговите процесорски перформанси (Octa-core, 2.2GHz Dual + 1.6GHz Hexa), како и големиот мемориски капацитет (до 6GB RAM и внатрешна меморија до 64 гигабајти) го прават уредот да биде попримамлив за милениумците, коишто овој уред би го користеле за работа.

Сепак, за да ги привлече и припадниците на т.н. генерација Z, којашто повеќе се фокусира на карактеристиките на камерата (16 мегапиксели задната) којашто снима видеа во висока резолуција (HD), како и т.н. HDR фотографии во професионален мод, гигантот „Самсунг“ објави рекламно видео во кое беше ангажирана популарната јутјуберка Шиа Гловер.

Беше направен социјален експеримент, чија главна идеја беше да се види како младите, односно припадниците на т.н. генерација Z, реагираат кога некој ќе им каже дека се убави.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме