Digital

ЗДРАВО, ОВА Е ИНТЕР: Италијанскиот клуб слави 110 години со 110 видео приказни за своите играчи

22 јан 2018


Златан Ибрахимовиќ, Бенито Лоренцо, Рикардо Феро се дел од легендите на големиот италијански фудбалски клуб Интер кој годинава слави 110 години од своето постоење. По тој повод, клубот во период од 110 дена, до 9 март, секој ден ќе објавува по една видео-сторија за своите легендарни играчи.

Освен видео-приказните, со снимки од натпревари, ќе бидат објавени и куси текстови, фотографии и осврти кон играта на познатите фудбалери што се и што биле дел од составот на овој трофеен италијански фудбалски клуб.

За секој од фудбалерите е изработен и посебен „стикер“ со кој се означува неговиот прекар, по којшто тој е познат меѓу играчите и навивачите на клубот.

Така Златан Ибрахимовиќ е прикажан со ликот на Духот од ламбата, и со слоганот „Гениј од А до Ш“ (Geious from A to Z). Во текстот се истакнува талентот на Ибрахимовиќ и неговиот придонес за успехот на Интер.

Серијалот приказни одат под заедничкото име „Здраво, ова е Интер“ (He110, this is Inter), а првата видео-сторија е за Бенито Лоренцо, којшто во „Интер“ има дојдено во 1947 година.

Приказните, видеата, стикерите одат на посебна интернет страница, специјално изработена по повод 110 годиншнината на клубот. Целата оваа кампања на „Интер“ ја води агенцијата Alkemy.

Во Интер играа и нашите Горан Пандев, како и Дарко Панчев. На интернет страницата направена по повод годишнината на клубот сè уште нема објави за овие двајца наши интернационалци.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме