Digital

СО МОБИЛЕН И ВО ТОАЛЕТ: Колку сме зависни од паметните телефони (анализа)

12 фев 2018

Читање и гледање вести, пребарување низ социјалните мрежи, навигација, банкарски трансаксции, забава се повеќето активности што денес се прават со мобилните телефони. За разлика од порано, т.н. паметни телефони, најмалку ни служат за телефонирање.

Ова го покажало истражувањето „Паметни (телефонски) односи“ што го спровела компанијата „Хјуавеј“, заедно со агенцијата за маркетиншки анализи „Ipsos“.

Анкетите биле претежно со корисници од Балканот, како Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, како и со корисници во Австрија, Словенија, Чешка, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Турција.

„Направивме истражување со цел да видиме каков однос имаат корисниците кон нивните паметни телефони и како ги користат кога комуницираат со своите партнери. Резултатите ни помогнаа да сфатиме што им е битно на луѓето при користење на паметните телефони, а со цел нашите производи да одговараат на нивните потреби“, се вели во изјава од Zhe Zhang, директор за јадранскиот регион на „Хјуавеј“.

Над 90% за социјални мрежи

Според истражувањето, телефоните денес се користат за различни цели. На 84% од корисниците телефоните им служат за проверување вести, 91%, пак, ги користат за сурфање низ социјалните мрежи, 79 отсто за навигација.

За банкарски трансакции своите телефони ги користат 71% од испитаниците, додека 38% ги користат кога им е потребна забава за деца. Првичниот заклучок е дека корисниците своите телефони претежно ги употребуваат за пронаоѓање информации, за забава, за пронаоѓање партнер, или, па за флерт со партнерот.

Според истражувањето, најмногу се користат текстуални пораки (94%), потоа и-меил и фотографии (91%), па пристап кон социјалните мрежи (85%). Како уред за слушање музика телефонот го користат 69 отсто од испитаниците, а 62 отсто, пак, се изјасниле дека смартфонот им служи за играње игри.

Според податоците од анкетирањето, паметните телефони сè повеќе ја губат својата примарна функција, односно телефонирањето. Од испитаниците, само 58 отсто се изјасниле дека го употребиле уредот за телефонски повици.

Дваесет часа на дофат на рака

Интересен е делот што ја опишува приврзаноста што корисниците ја имаат кон овие уреди. Така, 28% од нив истакнале дека повеќе од 20 часа во текот на едно деноноќие го имаат телефонот во своја близина. Само два отсто од испитаниците рекле дека телефонот бил во нивна непосредна близина само еден час или помалку во текот на денот.

Во просек, паметниот телефон активно се користи три до четири часа во текот на денот. Тоа го потврдиле 29 отсто од испитаните корисници. Шеснаесет отсто од испитаниците, телефонот го користат активно по пет часа или повеќе.

Дури 32 отсто велат дека телефонот го проверуваат барем неколку пати во текот на еден час. Деветнаесет проценти таква проверка прават само еднаш во текот на еден час. Само три отсто од корисниците истакнале дека телефонот го употребуваат само еднаш или двапати дневно.

Со мобилен и во тоалет

Нивните мали димензии и можноста да се стават в џеб, ги прави мобилните уреди исклучително лесни за носење скоро насекаде со нас. Така, 16 отсто од испитаниците истакнале дека телефонот секогаш го имаат со себе и во купатило, 53% во дневниот престој, 24% во кујна и 51% во спална соба.

За среќа, паметните телефони се најмалку присутни во детските соби и тоа само во пет отсто од случаите.

(AdToDate.mk/Извор: MediaMarketing.com)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме