Digital

ИНСТАГРАМ Е НА ФЕЈСБУК, ЈУТЈУБ Е НА ГУГЛ: Кој кому му е газда во светот на интернетот (инфографик)

13 фев 2018

Една од најпопуларните апликации во полето на социјалните мрежи, а којашто се базира на покажување и размена на фотографии и видеа е „Инстаграм“. Но, неговите основачи, Кевин и Мајк, кои внесоа револуција со оваа апликација во октомври 2010 година, повеќе не се газдите.

Гигантот „Фејсбук“ во април 2012 година, го презеде „Инстаграм“ од двајцата компјутерџии за околу една милијарда долари (во кеш и во акции) вкупно. Тоа беше една од најголемите зделки што се случиле во полето на бизнисот што постои и се одвива на интернет.

Сепак, како што „Фејсбук“ правеше купување на мали, но ветувачки интернет-компании, тоа (многу порано пред Марк Цукерберг) го правеа и другите големи играчи во сајбер просторот. Така и „Гугл“ во ноември 2006 година ја купи, тогашната интернет страница, „Јутјуб“ од тројцата основачи, Чад, Стив и Џавед, за 1,65 милијарди долари.

Истата игра ја прават и „Амазон“, „Епл“, „Мајкрософт“, „И-беј“, па на крај се добива голема мешаница во која се гледа дека голем број интернет бизниси сепак се во сопствеништво само на неколку гиганти во сајбер просторот.

Сервисот за продукти и за истражување на пазарот „16Best.net“ изработи графички приказ во кој на интересен начин се гледа кој на кого му е сопственик во светот. Графичкиот приказ изгледа како родово стебло, кое открива кој од гигантите што има во свое сопствеништво.

Целиот приказ во голем формат е достапен на следниот линк.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме