Digital

„ХЈУАВЕЈ“ НАЈПОЧИТУВАН БРЕНД ВО КИНА: Конкурентот на „Самсунг“ и „Епл“ завладеа на кинескиот пазар

22 мај 2018

Се издвојува од толпата, тоа што се добива е соодветно на тоа што се претставува, нуди издржани информации. Тоа се дел од епитетите со кои се закити познатиот бренд за производство на мобилна технологија, „Хјуавеј“, кој стана најпочитуван бренд во Кина.

Високата репутација брендот ја постигнал преку, како што се вели во новонаправена студија, е постигната преку силната емотивна врска што корисниците во Кина ја воспоставуваат со овој производител, којшто го сметаат за свој.

„Хјуавеј“ се издвојува над другите производители на мобилни уреди што се присутни на кинескиот пазар. Ова се гледа според студијата на „Reputation Institute“, во којашто се вели дека кинескиот гигант за мобилни уреди и мрежна технологија, го надминува и „Епл“ кога се работи за транспарентност и отворена комуникација во односот со корисниците.

„'Хјуавеј' во основа е бренд што со текот на времето гради силна емотивна поврзаност со корисниците“, вели Николас Џорџис коосновач на „Reputation Institute“ во изјава за магазинот „The Drum“.

Во однос на интернационалните и странските брендови, пак, што се присутни на кинескиот пазар на прво место е „Интел“. Тоа и не е изненадување со оглед дека компанијата опслужува голем дел од кинеските производители за електронск уреди.

Но, тоа што изненадува е што на второ место се наоѓа познатиот швајцарски произведувач на скапи часовници „Ролекс“. Објаснувањето за ова е дека во Кина расте бројот на богати граѓани, кои можат да си дозволат некој од рачните часовници на „Ролекс“.

Кај странските брендови изненадува високиот пласман и на познатите автомобилски гуми „мишелин“. Тој бренд се најде на високо четврто место во категоријата на странски компании. Објаснувањето за тоа, пак, е дека во Кина се зајакнува средната класа и пазарот за автомобили.

Со своите премиум услги, како и пневматици со висок квалитет, „Мишелин“ очигледно ја освоил довербата кај кинеските потрошувачи.

Целата студија на „Reputation Institute“ може да се погледне на следниот линк.

(AdToDate.mk/Извор: TheDrum)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме