Digital

СТРОГА КАМПАЊА ВО НАЈАВА: Рампа за шверцот и фалсификувањето на цигарите

22 мај 2018

Строга контрола и активности со кои ќе се спречи шверцот на цигарите, како и нивното фалсификување ќе се водат на територијата на нашата земја. Минатата недела Царинската Управа на Република Македонија и „Бритиш американ тобако“ (British American Tobacco), потпишаа меморандум насочен против нелегалната трговија со тутунски производи.

Оваа соработка вклучува и заштита од повреда на правата на интелектуална сопственост, односно спречување на фалсификување на цигари и други тутунски производи од трговските марки чии носители на права се Друштвата - Членови на групацијата Бритиш Американ Тобако (БАТ).

Бритиш Американ Тобако, како една од водечките мултинационални компании, посветува особено внимание на борбата против нелегалната трговија со тутунски производи на сите пазари на кои работиме. Навистина ни е драго што на оваа тема потпишавме Меморандум за соработка со Царинската Управа на Република Македонија и сигурни сме дека со заеднички сили и напори дополнително ќе го намалиме овој тип на нелегална трговија“, рече Милорад Крстиќески, Генерален Менаџер на Бритиш Американ Тобако за Македонија, Албанија и Косово.

БАТ Македонија дел од Јадранскиот регион

БАТ Македонија на почетокот на оваа година стана дел од Адриа регионот на Бритиш Американ Тобако, кој опфаќа осум пазари – Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово. Адриа регионот, заедно со Бугарскиот и Романскиот пазар, станаа дел од новата организациска структура на БАТ во Јужна и Средна Европа (SCEA).

Бритиш Американ Тобако е една од водечките мултинационални тутунски компании на глобално ниво, со повеќе од 200 сопствени брендови присутни на скоро сите пазари во светот.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме