Digital

КАМПАЊА ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ: Кока-кола со аугментативна реалност создава еколошки навики (видео)

20 авг 2018

Аугментативната (проширена) реалност станува исклучително популарна во огласувачкиот сектор, така што голем број познати брендови се согласуваат нивните производи да се појават во проширениот виртуелен свет.

Компанијата „Кока-Кола“ во Шведска се вклучи во кампања за поттикнување и засилување на навиките за рециклирање на отпадот. Кампањата ја реализира агенцијата „3rockAR“, којашто своите проекти ги базира на проширена реалност.

Во еден од трговските центри во Стокхолм било поставено т.н. „маѓично огледало“ во кое се отсликува дополнителна реалност. Минувачите можат да се видат себе си, а во исто време да ги гледаат и креациите што виртуелно се појавуваат.

Минувачите добија можност виртуелно да играат со лименките „кока-кола“ и да ги уфрлаат во кантите наменети за рециклирање. Тоа што почна како мала игра, се претвори во голема забава за присутните во трговскиот центар, чија крајна цел беше да се поттикнат еколошките потрошувачки навики.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме