Digital

# БЕСПЛАТНО ЧЕТИВО ЗА МАРКЕТЕРИ: Како се креира квалитетен „хаштаг“

23 авг 2018

Зошто мојот „хаштаг“ не работи, како да дојдам до повеќе корисници, како се прави квалитетен „хаштаг“.. Ова се само дел од прашањата на кои може да се најде одговор во бесплатниот електронски прирачник што го подготви агенцијата „White Rivers Media“.

Прирачникот е направен по повод шестиот роденден на агенцијата, која е една од најбрзорастечките дигитални рекламни агенции во Индија, со исклучително добри резултати во социјалните мрежи и во дигиталната маркетинг индустрија.

Компанијата е формирана во 2012 година и е единствена маркетинг агенција што се занимава со дигитален маркетинг, а која двапати била наградена со престижната награда „Deloitte Technology Fast 50“. Признанието се доделува на светско ниво, при што се избираат 50-те најбрзорастечки нови бизниси. Компанијата ова признание го има добиено во 2016 и во 2017 година.

Како своја благодарност и придонес за развојот на дигиталната маркетинг индустрија, компанијата по повод својот шести роденден направи електронска книга, односно прирачник што би требало да го има секој што се занимава со дигитален маркетинг.

За активностите поврзани со шестиот роденден на компанијата може да се дознае преку хаштагот: #WRMturns6. Бесплатниот прирачник, пак, е достапен на овој линк.

Во него се посочени грешките што најчесто се прават при креирањето хаштази во рекламните кампањи и дадени се голем број совети и примери за правилно работење.

Штом се бесплатни и штом доаѓаат од компанија чии квалитети се светски признати, тогаш вреди и да се погледнат нивните совети. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за компанијата, следете го линкот до нивната интернет страница, каде ве чека и бесплатно преземање на прирачникот.

(AdToDate.mk/Извор: The Drum)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме