Digital

ШТО ИМА ДА ВИ КАЖЕ ЈУТЈУБЕРКАТА БЕКИ: Зошто ги губам фановите, а видеата не ми се лоши (видео)

03 сеп 2018

Повеќе од една милијарда долари годишно заработуваат т.н. инфлуенсери, односно новите интернет ѕвезди чии фотографии и видеа привлекуваат илјадници „лајкови“ и прегледи на социјалните мрежи.

Сепак, главната битка се води во позадина, а тоа е трката меѓу овие интернет ѕвезди за што поголема гледаност на содржините што ќе ги објават.

Јутјуб е една од платформите што е исклучително популарна кај инфлуенсерите што креираат видео-содржина. Но, поради бројни измени што „Јутјуб“ ги воведе во последно време, а во насока на заштита на сопствениот бренд, дојде до намалување ем на заработката на јутјуберите, ем на видливоста на нивните содржини.

Со новите алгоритми, веќе не може да се рекламира што било, а уште построга е контролата кога се работи за визуелно сензитивни видеа и сцени што можат да ја вознемират публиката.

Во однос на заработките, Јутјуб постави и нови граници. Така за некој да може да заработува преку оваа социјална мрежа, мора да има најмалку 1.000 „subscribers“ и повеќе од 4.000 часа гледаност на содржните во последните 12 месеци.

Беки Флинт, е една од бројните јутјубери што градат кариера на инфлуенсер. Нејините видеа на Јутјуб се претежно за јапонската поп-култура. Денес Беки има повеќе од 126.000 „subscribers“ на нејзиниот канал на Јутјуб. Но, ниту таа не е имуна на измените во алгоритмите на големата видео-платформа.

- Навистина е чудно. Зошто одеднаш почнав побрзо да губам „subscribers“ отколку што добивам нови? Ова никогаш претходно не ми се случило. Содржината што ја објавувам е иста како до сега - вели Беки во изјава за магазинот „The Drum".

Таа се прашува дали одеднаш се смениле вкусот и потребите на публиката.

- Дали светот одеднаш колективно одлучи да ме игнорира? Зошто и гледаноста ми оди надолу? Зарем толку беше ужасно последното видео? Дали ја правам најлошта можна содржина - се прашува Беки.

Како што објаснува за „The Drum“, пред да се случат измените во алгоритамот, таа се чувствувала „среќна и победнички“ за секое видео што го објавувала.

- Не можев да додржам да ја освежам страницата и да ги видам новите бројки, коментари и реакции на тоа што го објавував - истакнува Беки.

Денес, пак, обратно, се плаши двапати да погледне во статистиките за тоа што го објавува, зашто бројките или кстагнираат или одат надолу.

- Ова премногу ме вознемирува. Директно влијае врз мојата пасија и поттик да креирам непто ново и знам дека не сум единствена што така се чувствува. Слични се ставовите и чувствата кај сите што се дел од оваа приказна - открива Беки.

Измените во алгоритмите се почувствуваа низ целата јутјуберска мрежа, па дури и кај тие со десетици милиони „subscribers“, како што е Филип ДеФранко, американски јутјубер со повеќе од шест милиони следачи.

Но, додека некои од јутјуберите јавно се жалат за измените, реалноста е дека, иако се битни за оваа социјална платформа, тие не му носат значајни заработки на Јутјуб, односно на сопственикот „Гугл“. Во основа, инфлуенсерите многу повеќе работа им завршуваат на огласувачите од коишто се ангажирани, отколку самиот Јутјуб.

- Тоа што сега се случува покажува дека технолошките џинови ја вртат работата во своја корист повеќе, отколку во интерес на јутјуберите - објаснува во изјава за „The Drum“ креативниот директор Вил Пине од „Brave Bison“, компанија што обединува повеќе видео платформи од социјалните мрежи.

Немајќи избор во новонастанатата ситуација, повеќето од незадоволните јутјубери се во потрага по други платформи за да продолжат со креирање и објава на видео содржини.

Во прилог на нивната потрага одат измените кај Фејсбук, чија видео платформа е отворена за видеа од секоја интернет страница и овозможува и одредени заработки преку дел од платените огласи.

Но, тоа што доаѓа на голема врата е новата „Инстаграм телевизија“ (IGTV), на којашто корисниците можат да објавуваат видеа што траат и до еден час. Тоа воедно го прави „Инстаграм“ најголем конкурент на „Јутјуб“.

- Јутјуб беше моето добро утро, но сè повеќе го користам Инстаграм. Не сум уште целосно сигурна за IGTV. Сè уште не познавам голем број лица од нашата заедница што креираат содржина конкретно за таа платформа - вели Беки.

Таа додава дека Фејсбук и Твитер не се доволни за нејзините потреби.

- Фејсбук е премногу ограничен, а Твитер не е местото за добар пласман на видео-содржини. Така, Инстаграм е единствената платформа за којашто сериозно размислувам - истакнува јутјуберката Беки.

Беки на „Јутјуб“ има повеќе од 126.000 фанови, односно т.н. „subscribers“. На Инстаграм, пак, каде има повеќе од 400 објави, ја следат над 35 илјади фанови. Таму таа објавува претежно фотографии.

Нејзиниот профил на Јутјуб е достапен на следниот линк, додека на Инстаграм можете да ја следите на овој линк.

(AdToDate.mk/Извор: TheDrum)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме