Digital

ОГЛАСУВАЧИТЕ ЗАДОВОЛНИ: Јутјуб лансира нови можности за рекламирање

02 окт 2018

Јутјуб, една од најпопуларните видео-платформи воведува новитет што најмногу ќе ги израдува огласувачите. Задоволството кај огласувачите е во тоа што новитетот на „Јутјуб“ може да им помогне во значително зголемување на продажбите.

Иновацијата ќе им овозможи на корисниците да ги разгледуваат понудите што се појавуваат како реклами, без да мораат да го прекинат спотот, серијата или филмот што го гледаат.

Според анализите, дневно корисниците на „Јутјуб“ гледаат по милиони часови видео-содржина. Во исто време, после „Гугл“, „Јутјуб“ е втората најпопуларна платформа за пребарување.

Валперт Леви, од маркетинг-тимот на „Гугл“, во изјава за „Adweek“ вели дека шеесет проценти од корисниците што пребарувале одреден продукт на „Гугл“, истиот потоа го бараат и на „Јутјуб“, пред да донесат одлука дали да го купат.

- Оваа бројка од година во година се дуплира. „Јутјуб“ нуди комбинација од забава, занимливост и информација, а тоа го прави да биде уникатна рекламна платформа на пазарот - истакнува Леви.

Според новиот начин на рекламирање, корисникот ќе може да набави авионска карта, обувки, облека, туристички ангажман, додека гледа видео-содржина од тоа за коешто е заинтересиран.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме