Digital

ШТО Е BLOCKCHAIN ТЕХНОЛОГИЈА: Разговор со Фабиен Ауфрехнер од Havas Blockchain

03 окт 2018

Блокчејн (blockchain) технологиите се „дигитални книги“ што овозможуваат чување и пренесување на информациите. Ова го објаснува Фабиен Ауфрехнер (Fabien Aufrechner) од „Havas Blockchain“, Франција, во интервју за фестивалот „Кактус 2018“ што на 12 и 13 ноември ќе се одржи во Белград.

Ауфрехнер ќе биде првиот говорник на фестивалот и ќе зборува на тема „Blockchain technologies: the next border of communication“.

Во интервјуто тој објаснува дека наведената технологија е транспарентна, безбедна и децентрализирана.

- Блокчејн технологиите не се маѓично стапче. Тие во основа се праведна технологија што оди во комбинацина со AI, IoT, Big Data... Вообичаено се користат за обезбедување податоци (катастар, медицински наоди, набавки..) - објаснува Ауфрехнер.

Предавачот додава дека тие технологии се тесно поврзани и со опстојувањето на крипто-валутите.

- Таа технологија воедно е инфраструктура на крипто-валутите, како што е биткоинот, а со самото тоа основа на крипто-економијата - вели Ауфрехнер.

Според неговите објаснувања, новата технологија допрва ќе станува привлечна за широка примена.

- После бројни скандали поврзани со прехрамбената индустрија, сите актери што го сочинуваат тој систем ќе бидат ултра-задоволни кога ќе откријат како блокчејн-технологијата ќе ги направи транспарентни сите податоци поврзани со еко-системот на таа индустрија - објаснува Ауфрехнер.

Тој додава дека принципот на транспарентност особено ќе најде примена и во процесите на креативните комуникации, односно во сите индустрии што подразбираат поврзување и пренесување податоци.

Оваа, 2018-та, година е прогласена за година на блокчејн технологијата. Очекувањата на Ауфрехнер се дека бргу доаѓа времето кога на луѓето ќе им стане јасно какви се предностите од таа технологија.

(AdToDate.mk/Извор: Kaktus2018)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме