Digital

СПАС ОД АГРЕСИВНИ РЕКЛАМИ: Дизајнирани очила што блокираат телевизиски екрани и билборди (видео)

09 окт 2018

Сцените од филмскиот класик од осумдесеттите години од минатиот век, „They Live“, a во кој главниот лик има специјални очила со кои ги блокира рекламите, стануваат реалност.

Двајца американски дизајнери креираа очила што ги блокираат телевизиските монитори, електронските билборди, како и екраните од мобилните уреди.

Зад овој проект стои дизајнерот и уметник Иван Кеш од Калифорнија, основач на „Cash Studios“.

Очилата се црни, со поларизирачки фолии наместо класични стакла. Работат на принципот на прекршување на светлината што се емитува од телевизиските уреди.

Очилата се веќе тестирани, а резултатите се успешни. Ниту една слика од тоа што се прикажува на екраните не успеа да се „протне“.

Но, нивниот проект е сè уште во фаза на прибирање средства за помасовно производство. Рокот за да обезбедат посериозен клиент што би го финансирал производството на очилата остекува на крајот од октомври.

Очилата се ефикасни, но останува да се види дали навистина има оправданост да влезат во широка употреба, или, пак, ќе останат само желба инспирирана филмот од осумдесеттите години.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме