Digital

КАКО ЛОНДОНЧАНИ СЕ БОРАТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО: Разоткриен тивкиот убиец од улиците (видео)

15 окт 2018

Како штo сè повеќе завлегуваме во есента, така и проблемот со загадувањето повторно почнува да ни тропа на врата. Проблемот е далеку од решен.

Со слична мака се соочуваат и жителите на Лондон, каде според статистики околу 9.400 смртни случаи се поврзани со загадувањето. Тоа е т.н. тивок убиец, којшто демне во градовите.

Додека и тамошните власти се мислат што да направат за загадувањето, едната од фирмите што се занимава со мерење на загаденоста на воздухот, се решила барем да ги алармира минувачите кога честичките се над дозволените граници.

Фирмата „BreezoMeter“ почна кампања „Toxic Toby the #CleanAirBear“, а во чии рамки на пешаците им укажува кога е неопходно да се тргнат од улиците.

На столбови и семафори во Лондон каде вообичаено се измерени највисоки загадувања се поставени мечиња, наречени Toxic Toby. Иако наликуваат на играчки, сепак мечињата во основа се уреди за предуредување.

Тие се поврзани со сензорите што ја мерат загаденоста и штом нивото ги надмине дозволените граници, мечињата почнуваат да кашлаат.

Реакцијата на жителите на Лондон е позитивна на оваа кампања,  а во исто време предизвика и многу критики до тамошните власти за проблемот со загадувањето.

Дали оваква акција барем малку ќе помогне за кревање на свеста и во нашите градови да почне сериозна борба против загадувањето.

Зад кампањата стои агенцијата „McCann, London“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме