Digital

Јутјуб падна глобално, никој нема пристап до видео-содржините

16 окт 2018

Падна Јутјуб, најголемата светска онлајн платформа за видео содржини. Корисници на мрежата од САД, Европа и Јужна Америка алармираат дека не можат да пристап ниту до своите канали на мрежата, ниту, пак, да гледаат какви било видеа.

Засега нема официјална информација за што се работи. Тоа што корисниците го добиваат како порака кога ќе се обидат да отворат некоја од содржините е дека се работи за „Internal Server Error“.

На местата на видеата се појавуваат празни прозорци, без никаква содржина. Делумно платформата е достапна, но без можност да дојде до снимените материјали.

Во меѓувреме се огласија од „Јутјуб“ и преку „Твитер“ соопштија дека се работи на отстранување на проблемот, без да се прецизира за што се работи.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме