Digital

СКРОТЕН ТАТНЕЖ: Македонските водопади „фатени“ во супер-забавена снимка (видео)

22 окт 2018

Во серијалот видеа што ги објавивме во изминативе неколку денови се посветивме на претставување на секојдневието низ супер забавени снимки. Светот добива сосема поразлично светло кога тоа што вообичаено трае една секунда и одвај може да се перципира, одеднаш станува видливо и за човечкото око.

За крај од овој „Super slow motion“ серијал се посветуваме на дел од македонските водопади. Ги посетивме во неколку наврати во текот на летните месеци и ги „фативме“ со камерата на мобилниот „Galaxy S9“ на „Самсунг“, којашто снима со 960 фрејмови во секунда, кога е поставена во режим на супер забавено снимање.

Колку за споредба, вообичаеното телевизиско снимање е околу 25 фрејмови во секунда. Така, може и само да се претпостави како изгледа кога Колешински водопад, на пример, одеднаш застанува пред камерата којашто го фаќа секој скок на секоја капка од надојдената вода.

(AdToDate.mk/комерцијална објава)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме