Digital

СИРИ И АЛЕКСА ИМААТ ФАНОВИ: Младите луѓе повеќе ги сакаат „женските“ гласовни асистенти

04 ное 2018

Ново истражување покажува дека младите луѓе повеќе преферираат женски гласови за дигиталните асистенти, како што се „Алекса“ на Амазон и „Сири“ на „Епл“.

Истражувањето го спровеле „Neuro-Insight“, агенција што се занимава со т.н. невро-анализа на пазарот, и маркетинг агенцијата „Mindshare“. Преку технологија за следење на мозочните активности, испитувале какви се реакциите кај луѓето кога слушаат дигитални асистенти со снимени машки и женски гласови.

Во испитувањето биле вклучени 105 луѓе, при што се покажало дека 32% од нив реагирале позитивно на женските гласови.

Испитаниците помлади од 35 години многу повеќе стапиле во „конверзација“ со дигиталните асистенти со женски гласови, наместо со тие што имаат машки гласови.

Младите испитаници (22%) истакнале дека женските гласови повеќе поттикнуваат на интеркација, додека 25% од постарите испитаници истакнале дека машкие гласови повеќе поттикнуваат на интеркација.

- Разликите во одговорите се многу јасни. Во минатото машките гласови делуваа поавторитативно, како што покажуваат резултатите од постарите испитаници. Но, тоа веќе не важи за младите генерации - вели Хитер Ендрју, извршен директор на „Neuro-Insight“.

Од агенцијата „Mindshare“, пак, велат дека овие резултати се исклучително значајни за огласувачите, коишто треба да имаат во предвид како ќе комуницираат со потрошувачите, кога станува збор за гласовно рекамирање.

- Кога ќе стане збор за гласовна комуникација со потрошувачите, брендовите треба да размислат дали ќе ги адаптираат гласовните пораки во зависност од целната група на којашто ѝ се обраќаат - вели Џереми Паундер, директор за иновации во „Mindshare“.

На пазарот веќе е евидентно дека повеќето од брендовите се фокусираат на асистенти со женски гласови. Покрај Алекса и Сири, во групата „асистентки“ влегува и Кортана на „Мајкрософт“.

(AdToDate.mk/Извор: Neuro-insight.com)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме