Digital

ДИГИТАЛНА ЕКСПАНЗИЈА: Надмината сумата од 10 милијарди евра во мобилното рекламирање

12 ное 2018

Инвестициите во рекламирањето преку мобилни уреди ја надмина сумата од 10 милијарди евра и веќе надминува 40 проценти од вкупните вложувања во индустријата на креативната дигитална комуникација во Европа.

Тоа го покажуваат статистиките од студијата „AdEx Benchmark H1 2018“ спроведена од страна на IAB Europe и HIS Markit.

Според пресметките, мобилните уреди се доближуваат на 50 проценти од вкупните вложувања во дигиталното рекламирање, коешто, пак, има пораснато за 10 проценти. Изразено во бројки, тоа е сума од 25.7 милијарди евра во периодот опфатен со анализата.

Од растот во мобилното рекламирање бенефит има и за видео рекламирањето, коешто бележи зголемувања за 30 проценти повеќе од т.н. „display market“.

Антон Копитов од истражувачкиот комитет на „IAB Europe“, вели дека последното истражување е показател дека потрошувачите веќе не прават строга поделба меѓу нивното дигитално и аналогно живеење, како и дека дигиталното е веќе дел од секоја форма на комуникација.

„Линиите меѓу традиционалното и дигиталното исчезнуваат, со што се отвора место за брз раст на вкрстени, мулти платформи, вклучувајќи десктоп, паметни телевизори и мобилни уреди“, смета Копитов.

Според него, овој тренд се одвива паралелно со ист интензитет, како во Источна, така и во Западна Европа.

Очекувањата се дека вложувањата во развојот на креативни проекти поврзани со дигиталната комуникација ќе ја надмине сумата од 50 милијарди евра до крајот на 2018 година.

(AdToDate.mk/Извор: Iabeurope.eu)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме