Digital

СЕЛИН ДИОН УАПСЕНА ВО ПОРОДИЛНО: Пејачката избра необичен начин да промовира нова модна линија

15 ное 2018

Селин Дион, познатата пејачка лансираше нова модна линија. Се работи за облека наменета за деца, а чија главна идеја е да се урнат поделбите меѓу „машка“ и „женска“ облека.

Модната линија е резултат од соработката меѓу пејачката и бутик за детска облека „Nununu “. Новите модели се произведуваат под името „Celinununu“.

Сепак, за оваа облека да се доближи до потрошувачите, пејачката избра малку необичен начин за промоција.

Снимено е видео во кое Дион се глуми самата себе. Таа влегува во породилиште и без дозвола од персоналот на болницата влегува во просторијата каде што лежат новороденчињата. Преку „магија“ таа ги облекува во новите модни парчиња.

Но, тогаш доаѓа комичниот дел. Се појавува обезбедувањето и без двоумење ја апси пејачката, којашто се брани со тоа што е позната музичка ѕвезда.

Настрана од комичниот дел, во видеото се истакнува и пораката што ја кажува Дион. Таа укажува дека децата не треба да се ставаат во униформирани „машки“ и „женски“ модели, туку дека облекувањето треба да биде личен избор.

Уривањето на родовата поделба во облекувањето е главната идеја во модната линија „Celinununu“, при што нема предодредености дека розово е за девојчиња, а сино за момчиња.

Новите дизајни од модната линија „Celinununu“ можат да се разгледаат на официјална интернет страница на овој бренд.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме