Digital

ЏЕФ БЕЗОС ДО ВРАБОТЕНИТЕ: И „Амазон“ може да банкротира

18 ное 2018

Првиот човек на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе на планетата, Џеф Безос, ги изненадил вработените со предупредување дека и неговата компанија еден ден може да банкротира.

Според „CNBC“, Безос на генерален собир со вработените истакнал дека, „Амазон не е толку голем, за да не падне“.

Тој истакнал дека е сосема очекувано тоа да се случи еден ден.

„Во основа, предвидувам дека еден ден 'Амазон' ќе падне. 'Амазон' ќе банкротира. Ако ја погледнете историјата на големите компании, нивниот животен век е нешто повеќе од триесет години, а не стотина години“, рекол Безос.

Сепак, во рамките на својот говор додал дека нивна задача, на вработените, е да го одржат „Амазон“ во живот што подолго.

Овие информации доаѓаат после објавата дека компанијата отвора свои седишта во близината на Вашингтон и Њујорк.

Според предвидувањата на магазинот „eMarketer“, на „Амазон“ годинава ќе му припаднат 48% од вкупната онлајн трговија во САД, што е мал раст во однос на ланските 43 проценти.

Магазинот „Форбс“ го прогласи Безос за најбогат човек на планетата. Тој се најде на прво место на листата на 400 најбогати во САД за 2018 година, застанувајќи над легендарниот инвеститор Ворен Бафет и над ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс. Неговото богатство е проценето на 160 милијарди долари.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме