Digital

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЕПИКА: Групацијата „McCann“ е прогласена за Агенциска мрежа на годината

18 ное 2018

Групацијата „McCann“ е прогласена за Агенциска мрежа на годината, во рамките на годинешното доделување на признанијата во меѓународното натпреварување „Епика“.

„Forsman & Bodenfors“, го доби признанието за Агенција на годината, додека „Blur Films“ ја доби наградата за Продуцентска куќа на годината.

За значајното признание во областа на индустријата на креативните комуникации годинава конкурираа рекордни 4.020 проекти од 69 држави од целиот свет. Тоа е за 20 проценти повеќе од минатото издание.

Растот се должи на големиот број пријави од Германија и од Јужна Америка. Во изборот најмногу проекти влегоа од мрежите BBDO и McCann.

Специфична одлика на наградите Епика е што во финалето се стигнува преку гласање на професионалци од медиумите што покриваат теми поврзани со маркетингот. Гласањето се одвива во неколку етапи, низ повеќе регони во светот.

Според одлуката на жиријата, за најдобра дигитална кампања е избрана „JFK UNsilenced“, што за списанието „The Times“ го изработи ирската агенција „Rothco/Accenture Interactive“. На креаторите на оваа кампања им успеа да создадат автентична аудио верзија на говорот што поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди се очекувало да го даде во Далас, доколку не беше убиен.

Наградата за најдобар печатен оглас отиде кај агенцијата „DDB Düsseldorf“, за германскиот бренд на маркери „Stabilo“. Кампањата е наречена „Highlight the remarkable“, а се однесува на лица што медиумски се малку експонирани, а имале значајно место во историјата.

Плакатите прикажуваат фотографии од историски значајни настани, при што значајните „споредни“ лица се обележани со маркер.

 

„Цената на нашите животи“ е прогласена за најдобра општествено одговорна кампања, а под која е потпишана агенцијата „McCann“ од Њујорк. Акцијата е своевиден протест против зачестените вооружени напади во САД.

Годинава на „Епика“ премиерно беше претставена и нова категорија, а којашто се однесува на алтернативно користење на медиумите. Победи кампањата на „Publicis“ од Италија, направена за модниот бренд „Дизел“.

Во рамките на кампањата, производите од овој познат бренд се продаваа во улична продавница во Њујорк, со етикети на кои името беше погрешно напишано. Тоа беше тест за купувачите, да се види дали можат да препознаат квалитетна облека од евтина копија.

Во категоријата на најдобар дизајн за лого, победи логотипот за Лос Анџелес, дело на агенцијата „72andSunny“.

Меѓу телевизиските огласи, пак, славеше кампањата „The Party Bus“, којашто воедно е прв оглас во Јапонија што се однесува на LGBT заедницата.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме