Digital

ТЕХНОЛОГИЈА СТАРА ПЕТ ДЕЦЕНИИ: Кои се корените на гласовните асистенти и како ќе изгледаат во иднина

28 ное 2018

Сири на „Епл“, Алекса на „Амазон“, Кортана на „Мајкрософт“, Google assistant на „Гугл“, се неколкуте водечки гласовни асистенти што денес се користат со паметните мобилни уреди, како и во домовите.

Сепак, тоа што денес се нарекува гласовен асистент, не е ново во светот на технологијата. Уште во шеесеттите години од минатиот век почна да се развива таканаречената технологија на гласовно препознавање.

Во 1961 година, компанијата IBM го претстави т.н. The Shoebox, што препознаваше 16 зборови и бројки од нула до девет.

Но, се чини беше потребно прво да се развијат други дигитални сектори, како брз интернет и т.н. облаци (clouds) за споделување податоци, за да се отвори пат за реалните придобивки од гласовните асистенти.

Начинот на којшто работат во голема мера е анализа и обработка на податоци од бексрајниот интернет простор. Нивните алгоритми се така направени, да учат од сопствените грешки.

Според очекувањата на познавачите, во иднина гласовните асистенти ќе бидат многу повеќе од обичен глас што доаѓа од звуковен уред. Удел во нивниот развој ќе има аугментативната реалност, како и вештачката интелигенција.

За начинот на кој работат Алекса, Сири, Кортана..., како и за иднината на овие дигитални асистенти, зборува Josef Sperzel, инжинер во компанијата MullenLowe Mediahub, во видеото снимено за магазинот „Adweek“.

(AdToDate.mk/Извор: Adweek)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме