Digital

ДАЛЕКУ НАД СИТЕ: Мерцедес надмина една милијарда „лајкови“ на Инстаграм

02 дек 2018

Во ноември годинава германскиот автомобилски бренд „Mercedes-Benz“ ја надмина бројката од една милијарда лајкови на Инстаграм. Ова се вели во анализата на агенцијата „T4MEDIA“, којашто го следи однесувањето на топ-брендовите на социјалните мрежи.

Анализата е направена според листата за најпопуларни брендови „Interbrand Best Global Brands 2018“, што беше објавена на почетокот од октомври.

Мерцедес воедно е првиот глобален бренд што го надминува прагот од една милијарда. Другите брендови, пак, се далеку зад германскиот автомобилски гигант.

На втора позиција исто така е бренд од германската автомобилска сцена. Тоа е „BMW“, за којшто се очекува, според сегашното темпо на собирање „лајкови“, да ја достигне бројката од една милијарда во четвртиот квартал од 2019 година.

Трката за третото место уште не е јасна. Модниот бренд „Гучи“, како што се вели во анализата, има големи изгледи во 2021 година да го премине прагот од бројката со девет нули.

Блиску се наоѓа и модниот бренд „H&M“. Според сегашното темпо, за пет години и тој бренд на „Инстаграм“ би достигнал една милијарда допаѓања.

Доколку популарната социјална мрежа постои и после десет години, тогаш може да се очекува во клубот на „милијардери“ да влезе и „Дизни“.

Според објаснувањето од „T4MEDIA“, рангирањето на петте нај-брендови на „Инстаграм“ е направено според листата „TOP 100 Best Global Brands“.

Притоа се сметани вкупните „лајкувања“ што брендовите ги добиле во периодот од јануари 2011 година, до ноември годинава. Во предвид се земени две величини: „Вкупните лајкови“ (Total likes) и „брзината“ (Speed).

Вкупните „лајкови“ се сите допаѓања што се генерирани од денот кога бил креиран акаунтот на Инстаграм. Брзината, пак, е бројот на допаѓања собрани во текот на еден месец.

Клучни фактори за брзината со која се прибираат нови допаѓања се: Темпото со кое се објавуваат нови постови; Вкупниот број на фанови; и т.н. „engaging power“ на постовите, односно нивната ефикасност во привлекувањето ангажман од корисниците.

(AdToDate.mk/Извор: t4media.de)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме