Digital

БРИТАНСКАТА ВЛАДА ОТКРИ ДОВЕРЛИВИ МЕЈЛОВИ: Фејсбук споделувал кориснички податоци со Тиндер

05 дек 2018

Доверливи мејлови од внатрешната комуникација во Фејсбук, откри британската влада, а со кои се укажува дека компанијата на Марк Закерберг споделувала кориснички податоци со компании.

Фејсбук тоа продолжил да го прави и после избивањето на скандалот со „Кембриџ аналитика“.

Британскиот оддел за култура, медиуми и спорт (DCMS) сподели делови од сензитивна и доверлива комуникација што во Фејсбук ја воделе со компании како Нетфликс, Airbnb, Lyft, како и со апликациите за лични врски, Tinder и Badoo.

Објавени се околу 250 страници, при што некои од нив се обележани како „строго доверливи“. Според објавеното, компанијата на Закерберг им дала дозвола на некои компании да имаат пристап до податоци за корисниците на социјалната мрежа.

Според портпаролот на DCMS, Damian Collins, „Фејсбук ставил на бела листа некои од компаниите соработници“, со што им бил овозможен целосен пристап до податоци за корисниците на социјалната мрежа.

„Не е јасно по кој критериум Фејсбук одлучил кои компании ќе бидат на бела листа“, се вели во објаснување од портпаролот.

Послe обелоденувањето на документите, се огласија од Фејсбук од каде истакнаа дека објавата е само дел од приказната и дека дава погрешна слика за целата ситуација.

„Како и во секој бизнис, и ние имаме голем број внатрешни дискусии за начинот на кој би изградиле одржлив бизнис модел за нашата платформа. Но, фактите се јасни: Никогаш не сме продале податоци од нашите корисници“, се вели категорично во реакцијата од „Фејсбук“.

(AdToDate.mk/Извор: TheDrum)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме