Digital

ДИРЕКТОРОТ НА ГУГЛ ОБЈАСНУВА: Зошто при пребарување на зборот „идиот“ се појавува Трамп (видео)

11 дек 2018

Главниот извршен директор на „Гугл“, Сундар Пучаи, вчера беше на сослушување во Конгресот на САД, каде мораше да одговара на, многу „неинтелигентни“ прашања, од страна на конгресмените.

Причина за ова негово сослушување беа обвинувањата упатени од страна на претседателот Доналд Трамп, дека „Гугл“ намерно го прикажува во негативно светло.

Според тврдења на администрацијата од Белата Куќа, алгоритмите на Гугл се сетирани да прикажуваат негативни податоци и информации за Трамп при пребарувањето на интернет.

Во едно од низата „необични“ прашања упатени до Пучаи беше и тоа на конгресменката од редовите на републиканците, Зои Лофгрен.

Таа праша зошто кога ќе го напише зборот „идиот“, при пребарување фотографии, се појавува ликот на Трамп.

Колку и да беше прашањето „брилијантно“, првиот човек на Гугл мораше да го одговори и да објасни како функционира системот за пребарување.

Тоа што ѝ го кажа е дека ништо не се прави мануелно, туку дека популарноста на содржините што се појавуваат е според нивната фрекфентност во објавите на милиони страници во интернет просторот.

Во продолжение слушнете го одговорот на извршниот директор. Доколку не се отвора видеото, можете да го погледнете на овој линк.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме