Digital

МОЌТА НА ДИГИТАЛНАТА СОДРЖИНА: Социјалните мрежи ги победија весниците како главен извор за вести

13 дек 2018

Весниците го изгубија приматот на главен извор на вести и на нивно место дојдоа социјалните мрежи. Тоа што во голема мера се претпоставуваше, веќе и статистички се потврди. Навиката да се испие утринското кафе со весник во рака замина во минатото.

Пресвртот се случи и во САД, кој важи за еден од најголемите медиумски пазари во светот, каде весниците беа значаен дел од секојдневието на американските граѓани.

Според истражување агенцијата Pew Research Center, 20 проценти од американските возрасни граѓани се изјасниле дека вестите многу често ги консумираат преку социјалните медиуми.

Тоа е прв пресврт во корист на дигиталните платформи, со оглед дека само 16 проценти од испитаниците истакнале дека и натаму ги користат весниците како примарен извор за информации.

Сепак, телевизијата и натаму важи за неприкосновено главно место каде се гледаат вести. Според кажаните одговори, 49 проценти од испитаниците се изјасниле во корист на телевизијата. Сепак, забалежлив е пад. Во 2016 година, 57 проценти истакнале дека вестите ги гледаат на телевизија.

Како што престолот на телевизиските медиуми се разнишува, така на тоа место сè повеќе се доближуваат информативните портали, чиј претходен процент (28 отсто во 2016 година) пораснал на 33 проценти.

Интересно е дека напредок доживува и радиото. Според последното истражување, 26 проценти од анкетираните рекле дека информациите ги добиваат преку радио. Во 2016 година, процентот бил 25.

Очекувано, помладите генерации повеќе ги преферираат социјалните мрежи како место за информирање, додека постарите уште се држат до весниците.

Така, лицата на возраст од 18 до 29 години, за четири пати повеќе се информираат преку социјалните мрежи, во споредба со лицата од 65 гоини, па нагоре.

Кога станува збор за весниците, пак, ситуацијата е обратна. Трисет и девет проценти од тие што се на возраст од 65 години и повеќе, вестите ги бараат во весниците. Другите возрасни групи, не надминуваат 18 проценти во читањето весници.

(AdToDate.mk/Извор: Pew Research Center)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме